Александра Пријовиќ првпат за внатрешната борба и несигурност: Многумина мислат дека живее живот од бајките

Александра Пријовиќ првпат за внатрешната борба и несигурност: Многумина мислат дека живее живот од бајките

Објавена во: Живот // Живот

Александра Пријовиќ конечно проговори за проблемите со кои се соочува...

Пејачката Александра Пријовиќ ужива во животот. Има прекрасен сопруг, кој ја обожува, преслатко синче и скоро сѐ што може да посака. Токму поради тоа за својот 25 - ти роденден имаше скромни желби. Но, додека многумина мислам дека таа има сѐ во животот, пејачката откри дека таа и понатаму води внатрешни борви и понекогаш не е сигурна во себе.

„Сите во себе имаме некои борби, помали или поголеми. Најмногу ми недостасуваат луѓето кои не се со нас. Материјално не ми недостасува ништо и кога имав помалку, само сакав моето семејство да има доволно. На тоа работев од својот прв настап и никогаш не се плашев. Ова е нешто што умеам да го правам и во што сум сигурна и знам дека ќе успеам. Само нека бидат тука луѓето кои ми се важни. За останатото е лесно. А, доколку сведеме на некои секојдневни желби, ми недостасуваат малку повеќе настапи, да се почувствувам живо, да бидам со својата публика, да разменуваме енергија, љубов, но ќе го имаме и тоа“ - рече Александра која конечно проговори и за недостатоците кои во последно време ги чувствува.

Во интрвјуто за „Блиц“ откри дека со текот на времето станала многу посилна и дека повеќе не се насочува кон лошите коментари. Својот живот и успеси ги темили на поддршката што ја има во семејството и со текот на времето научи да се сака себе си каква што е.

„Кога бев млада, ми се случуваше и да заплачам. Ја чувствував неправдата длабоко и силно. Не се снаоѓав добро на почетокот, но кога научив дека тоа е составен дел од јавната работа и дека на луѓето не може да им се удоволи и дека секогаш ќе има некој што нешто нема да му се допадне, некој кој ќе ги извлекува работите од контекст, кој ќе разбира како што му одговара, се опуштив. И можеби станав посилна. Јас сум тоа што сум, публиката ли луѓето кои ме сакаат го знаат тоа и го чувствуваат. Нема тука лаги и измами. Мислам дека кога ќе се предадете на нешто, ќе се дадете себе, како што јас во оваа работа - тогаш нема грешки.“ - раскажа таа.

Може да ве интересира:

Од грдото пајче до најубав лебед: Погледнете го првиот настап на Александра Пријовиќ

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: