Алиса, девојчето за кое најмногу се зборува во Русија: Има 9 години и веќе е студентка

Алиса, девојчето за кое најмногу се зборува во Русија: Има 9 години и веќе е студентка

Објавена во: Совети // School zone

Деветгодишната бруцошка, Алиса Тепљакова положила два од четири испити, откри потпаролот на државниот универзитет во Москва за „РТ“. Приказната за Алиса, девојчето од Русија која на 9 години се запиша на факултет, го привлече вниманието на нацијата и продолжува да предизвикува дебати.

Алиса Тепљакова најверојатно е и најпознатото дете за кое најмногу се зборува во Русија. Има само девет години, но веќе е студент. Браќата и сестрите на Алиса, исто така се многу напред во своето школување. Некои дури би можеле да се обидат да се запишаат на факултет порано и од својата сестра.

Дали тие деца се прозивод на раното образование или имаат природен талент? Може ли и треба 5-годишно дете да учи хемија и математика? „RT Documentary“ се обидува да ги добие прашањата на овие прашања.

Брачна двојка од Русија има 7 деца и сами се грижат за своите потомци, без помош од дадилка или бабите и дедовците. Сите деца се школуваат дома.

Најстарата Алиса е веќе на факултет. Најмладиот ги положил сите тестови за деветто одделение на седум години. Петгодишната Леја завршила четврто одделение. На 4 години Тера е подготвена за на училиште. Ејлунг има 2 и веќе учи да чита. Фејлунг и Тасеј, се најмлади и единствено тие не соборуваат никакви рекорди.

„Тоа што го правиме е всушност револуционерно во смисла на подучувањето. Тоа е револуционерно во развојната психологија, бидејќи постои концет дека чувството за упорност и логично размислувањене може да се развие кај дете помладо од 12 или 8 години. А, нашите деца можат да ги положат тестовите за деветто одделение на 7 години“ - вели Јевгениј Тепљаков, таткото на Алиса. 

Овие родители веруваат дека некои деца се родени надарени. Сметаат дека интелигенцијата на секое дете може - и треба - да се развие што е можно порано. Затоа и го креирале својот метод на забрзана настава.

Нивните методи се покажале толку успешни што Наталија понекогаш не ги разбира своите деца.

„Скоро па и да не можам да разговарам со нив за биологија, најверојатно географија и за другите предмети“ - кажа Наталија, мајката на Алиса.

Родителите на Алиса сакале та апорано да тргне на училиште, бидејќи читањето, пишувањето и математиката ги совладала на 4 години. Но, училиштето кажало дека е премлада. Поради тоа Евгениј и Наталија одлучиле своите деца да се образуваат од дома.

„Не прифаќаат да одите со своето темпо, тие сакаат да седнете и да правите како што прават сите други. Имаше многу психолози кои го тргнаа детето на страна и му велеа: „Треба да одиш на училиште на седум“. Многу луѓе зборуваа: „Она погрешно го црта човекот. Таа не може да оди на училиште. На човекот му недостасуваат неколку прсти на рацете“ - вели Јевгениј.

Минатата есен, Алиса се запишала на државниот универзитет во Москва - еден од најпрестижните високообразовни установи во Рисија.

Алиса ја избрала психологијата како своја идна професија.


За жал, на приемот не добила доволно бодови за да се квалификува за државна стипендија. Но, уверени дека ќе помине добро, нејзините родители одлучиле дека би требало да оди на тој факултет.

„Таа веќе го следи универзитетскиот наставен план и програм. Веќе ги прочита скоро сите учебници. Читаше учебници по психологија. Читаше многу учебници по биологија. Сега само ќе го совлада и продлабочи своето знаење“ - кажа нејзиниот татко.

Бидејќи Алиса има смао 9 години, нејзините родители од универзитетот побарале да ѝ направат посебен распоред за би можеле да ја следат на предавањата.

„RT Documentary“ сакаше да се најде Алиса на универзитетот, но изгледа дека таа не оди таму толку често. Семејството имало чести недоразбирања со универзитетот. Таткото на Алиса се жалел дека не може да ја следи својата ќерка на предавањата и дека универзитетските власти не сакале да ѝ изработат индивидуелен наставен план и програма, иако ѝ требало само еден месец за да го совлада наставниот план и програма за цел семестар.

„Алиса лично не ги посетувала часовите од 10 септември. Колку што разбрав, не направила ниту еден тест. Предложија да го прилагодиме наставниот план и програм за да одговара на способностите на Алиса. Одговоривме дека бидејќи не ја гледаме Алиса на универзитетот, не знаеме какви се нејзините способности“ - кажа Александар Тостов, шеф на катедрата за невропсихологија на државниот факултет во Москва.


Таткото на девојчето и понатаму инсистира на тоа дека Алиса би можела да дипломира за две години. Меѓутоа, отсекот психологија никогаш не видел нешто вакво, ниту забележал толку млад студент.

„Има уште еден проблем. Што се однесува до студентите по психологија, со нив разговараме за сексуалноста, за односите. Не разбирам како сето ова ќе го научи едно 9-годишно девојче. Затоа што постојат одредени старосни ограничувања. Дали нејзиниот татко ќе ги покрива нејзините очи и уши кога ќе дебатира за такви работи на часот?“ - праша Тостов.

Приказната на Алиса доведе до дебати и во медиумите и помеѓу експертите. Но, освен коментарите полни со воодушевување и чудењето над талентите на девојчето, тоа предизвика и скептицизам, па дури и критики од некои експерти.

„За жал, многу родители, дури и оние најпрекрасните, им ги наметнуваат своите визии на децата. „Мораш да бидеш напред! Мораш да им покажеш! Мора да го правиш ова! Зошто не си прв? Зошто не си...“ Гледаме многу такви деца“ - вели Наталија Шумакова, доктор по психологија.

Таа истакнува дека има многу такви случаи, каде родителите погрешиле во развојот на своите деца, барајќи ги тие достигнувања од нив.

„Тие деца патат од многу работи... од нервозни тикови до откажување од работа и подоцна потполно напуштање на областа во која работе. Тие согоруваат“ - кажа Шумакова.

фото: YouTube/СЕГОДНЯ

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: