Американецот кој го обожува Балканот со својот брат го испеа најпознатиот македонско-српски дует: Кој се снајде подобро? (ВИДЕО)
Доколку често го поминувате времето на ТикТок сигурни сме дека сте на налетале на некое видео од Американецот кој е воодушевен од Балканот.
Младиот музичар Џастис Ридс на ТикТок постојано споделува видеа на кои пее и свири на гитара - некогаш сам, а некогаш со неговиот татко или брат, и на кои пее песни од изведувачите кои се познати ширум Балканот.
На ТикТок го следат повеќе од 440.000 луѓе, што е одличен доказ дека е навистина популарен. Секако, поголемиот број од нив се од Балканот, бидејќи Џастис дефинитивно знае како да ги примами Балканците.
Во едно од последните видеа на неговиот профил, заедно со неговиот брат ги поздрави Македонците и Србите. Имено, тие двајца го испеаа познатиот дует е на Даниел Кајмакоски и Жељко Јоксимовиќ - „Скопје Белград“, кој пред 8 години беше вистински хит.
Оригиналната верзија на песната на Јутјуб има повеќе од 22 милиони прегледи, додека верзијата на познатиот ТикТокер кој го обожува Балканот и неговиот брат има повеќе од 380.000 прегледи и скоро 30.000 лајкови.
Како звучат двајцата Американци кога ја изведуваат оваа песна, слушнете во продолжение:
@justus_reid Who did it better, Me or my brother? #serbia #balkan #macedonia original sound - Justus Reid
Освен што пее, овој млад Американец готви и специјалитети од Балканот, а повеќе за него може да прочитате ТУКА.
фото: Принтскрин / ТикТок