Прави бурек, а пее песни и од Тоше - не разбирам ниту еден збор: Американец кој го обожува Балканот

Прави бурек, а пее песни и од Тоше - не разбирам ниту еден збор: Американец кој го обожува Балканот

Објавена во: Stars // Музика

Откако ТикТокерот Јустус Реид крена прашина со своите критики за Југото, одлучи да се им се извини на своите пријатели од Балканот. Сега ги пее хитовите на Петар Грашо, Албина, Тоше Проески, Hurricane и многу други, а тоа што не ги знае балканските јазици не му претставува проблем.

Младиот музичар Џастис Ридс  на ТикТок споделува видеа на кои пее и свири гитара, а го следат повеќе од 120.000 луѓе. Во последно време неговите објави се поврзани Балканот, кој ТикТокер едвај чека да го посети.

Сè започна по неговите негативни рецензии за најпрепознатливиот автомобил од нашите простори - Југото. Реид го прогласи за најлош автомобил на сите времиња, а Балканците се обединија во коментарите и го искритикуваа.

„Момче, ти само што ја повреди цела источна Европа“ - гласеше еден од коментарите. ТикТокерот во подоцнежните видеа се извини и кажа дека најлошиот автомобил не е Југо, туку Голф 2.

За да им извини на Балканците, Јустус сними видео во кое го пее виралниот хит на Вера Матовиќ, „Мики Милане“.


„Американец сум, немате идеја колку време ми беше потребно за да ја научам оваа песна. Не знам ни што значат зборовите“ - вели тој на почетокот на видеото.

Потоа почна да ја проучува балканската култура и обичаи и продолжи да снима видеа во кои пее песни на хрватски и српски. Ја отпеа и „Молитва“ на Марија Шерифовиќ и покажа на кој начин го учел текстот.


Набрзо го отпеа и хитот на Петар Грашо „Ако те питају“ и кажа дека со текстот на таа песна особено се намачил. Најтешката песна што ја научил му била „Игра без граница“ од нашиот Тоше Проески. Реид исто така ги воодушеви пријателите од Балканот со песните „ТикТок“ на Албина Грчиќ и „Loco Loco“ од Hurricane.

@justus_reid

 it was worth it. ##toseproeski ##Balkans ##macedonia ##croatia ##slovenia

original sound - Justus Reid

Изгледа дека Петар Грашо особено му се допаднал, бидејќи ја отпеа и неговата песна „Моје злато“ и им порача на пријателите тоа видое да ѝ го испратат на некоја сакана личност.

Освен музиката, на ТикТокерот му се допаднала и балканската кујна и набрзо се обиде да подготви бурек.

@justus_reid

Balkans know their food! #Balkans #serbia #croatia #burek #cooking #food

Taste It - Ikson

„Ме уверивте, сакам да го посетам Балканот“ - кажа воодушевениот Американец.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: