Американецот кој го освои Балканот покажа како готви мусака и „караѓорѓева“: Видеата собраа илјадници лајкови
Американецот Џастис Ридс неодамна се испроба во подготовката на јадења кои се многу популарни на Балканот. На Инстаграм покажа колку е успешен во тоа.
Овој Американец на Инстаграм често покажува и дека многу ја сака музиката од целиот Балкан. Љубител е балканската јавна сцена, култура, традиција, а како што можевме да видиме и во храната.
Најпрво покажа како подготвува мусака, додека во позади се слуша српско оро. Штом беше објавено ова видео, се огласија многу луѓе од регионот, кои му ги упатија следните забелешки: „Не, никако вака, прво кромидот мораш да го издинсташ и малку морков и мелено месо дефинитивно. Се става и млеко, јајца и само компир“, „Со неколку грешки доби нешто слично, само продолжи да се трудиш“.
Му посочија и дека мусаката никако не се прави со бешамел сос, како и дека всушност приготвил грчка мусака, а не мусака што се приготвува кај нас. Од друга страна, на странците многу им се допадна ова јадење.
Тој погреши и во српскиот специјалитет „Караѓорѓева шницла“, а најмногу му забележаа што кајмакот го заменил со сирење. Му порачаа дека ова јадење прво мора да го проба во ресторан во Белград за подготовката да му биде полесна.
Секако дека ова симпатично момче се има потрудено и со ова дополнително ги освои корисниците на социјалните мрежи од Балканот.
фото: Принтскрин / Инстаграм