Американски музички награди: Тејлор Свифт уметник на годината, Ариана ништо!
Синоќа се одржа никогаш повпечатливото издание на Американските музички награди. Сепак, без оглед на сите ограничувања среде пандемијата, церемонијата собра добар број на значајни ѕвезди, од кои многумина се појавија на сцената. Кога станува збор за победниците, најголема причина за среќа имаше Тејлор Свифт.
Иако беше единственото женско во конкуренцијата, Тејлор победи во категоријата изведувач на годината, а сигурно била и дополнително среќна, бидејќи го надмина момчето кое и понатаму не го поднесува - Џастин Бибер. Тејлор освен оваа награда, доби и награда за најдобро видео - „cardigan“ и омилен поп - рок изведувач, пренесува E! Online. Всушност, единствено Хари Стајлс успеа да ја победи во категоријата за омилен поп/рок албум.
Тејлор инаку не беше на церемонијата, но затоа сними порака од студиото во која вели: „Многу ви благодарам за ова. Ова е награда за која гласаат обожавателите, па многу ми значи. Вашата реакција на „Folklore“ и сите начини на кои му дадовте признание на овој албум, јас толку многу ве сакам и сум многу среќна што ве имам. Јас вечерва не сум со вас, бидејќи моментално ја снимам својата стара музика и тоа во студиото каде што ги снимив и оригиналите. Ова е неверојатно и едвај чекам да слушнете.“
Освен Тејлор, би издвоиле и дека Дожа Кет е прогласена за нов уметник на годината, Џастин Бибер е награден за дует на годината и како поп уметник на годината, БТС се најдобри на социјалните мрежи и како група, а Ники Минаж е најдобра раперка. Неколку збора и за оние кои си заминаа со празни раце - Ариана Гранде и Били Ајлиш имаа по пет номинации, но сепак не успеаја да освојат нешто.
Ова не ја спречи Били да има одличен настап, па во текот на вечерта ја изведе песната „Therefor I Am“, а освен неа на сцената беа и Џастин Бибер и Шон Мендес со својот прв дует, Џенифер Лопез и Малума, Кети Пери, БТС и многу други.
Во продолжение е комплетната листа на победници:
# ARTIST OF THE YEAR
Taylor Swift *WINNER
# NEW ARTIST OF THE YEAR
Doja Cat *WINNER
# COLLABORATION OF THE YEAR
Dan + Shay with Justin Bieber, “10,000 Hours” *WINNER
# FAVORITE SOCIAL ARTIST
BTS *WINNER
# FAVORITE MUSIC VIDEO
Taylor Swift, “Cardigan” *WINNER
# FAVORITE MALE ARTIST — POP/ROCK
Justin Bieber *WINNER
# FAVORITE FEMALE ARTIST — POP/ROCK
Taylor Swift *WINNER
# FAVORITE DUO OR GROUP — POP/ROCK
BTS *WINNER
# FAVORITE ALBUM — POP/ROCK
Harry Styles, “Fine Line” *WINNER
# FAVORITE SONG — POP/ROCK
Dua Lipa, “Don’t Start Now” *WINNER
# FAVORITE MALE ARTIST — COUNTRY
Kane Brown *WINNER
# FAVORITE DUO OR GROUP — COUNTRY
Dan + Shay *WINNER
# FAVORITE ALBUM — COUNTRY
Blake Shelton, “Fully Loaded: God’s Country” *WINNER
# FAVORITE SONG — COUNTRY
Dan + Shay with Justin Bieber, “10,000 Hours” *WINNER
# FAVORITE MALE ARTIST — RAP/HIP-HOP
Juice WRLD *WINNER
# FAVORITE FEMALE ARTIST — RAP/HIP-HOP
Nicki Minaj *WINNER
# FAVORITE ALBUM — RAP/HIP-HOP
Roddy Ricch, “Please Excuse Me For Being Antisocial” *WINNER
# FAVORITE SONG — RAP/HIP-HOP
Cardi B ft. Megan Thee Stallion, “WAP” *WINNER
# FAVORITE MALE ARTIST — SOUL/R&B
The Weeknd *WINNER
# FAVORITE FEMALE ARTIST — SOUL/R&B
Doja Cat *WINNER
# FAVORITE ALBUM — SOUL/R&B
The Weeknd, “After Hours” *WINNER
# FAVORITE SONG — SOUL/R&B
The Weeknd, “Heartless” *WINNER
# FAVORITE MALE ARTIST — LATIN
Bad Bunny *WINNER
# FAVORITE FEMALE ARTIST — LATIN
Becky G *WINNER
# FAVORITE ALBUM — LATIN
Bad Bunny, “YHLQMDLG” *WINNER
# FAVORITE SONG — LATIN
KAROL G & Nicki Minaj, “Tusa” *WINNER
# FAVORITE ARTIST — ALTERNATIVE ROCK
Twenty One Pilots *WINNER
# FAVORITE ARTIST — ADULT CONTEMPORARY
Jonas Brothers *WINNER
# FAVORITE ARTIST — CONTEMPORARY INSPIRATIONAL
Lauren Daigle *WINNER
# FAVORITE ARTIST — ELECTRONIC DANCE MUSIC (EDM)
Lady Gaga *WINNER
# FAVORITE SOUNDTRACK
“Birds of Prey: The Album” *WINNER