Анализа на позитивни и негативни влијанија на најпознатите 10 личности во светот: Селена Гомез има најпозитивно влијание, а еве која личност е на последно место
Селена Гомез беше избрана за инфлуенсер број еден за позитивно влијание врз одлуките на другите.
Имено, пејачката се најде на врвот откако Sciencehappiness.com анализираше милион твитови за 10-те најследени луѓе во светот.
Овие твитови откриваат како се чувствуваат секојдневните корисници на социјалните мрежи за овие големи инфлуенсери и дали нивното влијание е позитивно или негативно. Наодите покажуваат дека просечниот пост на Твитер е 33% позитивен, 28% негативен и 39% неутрален.
Профилот на Селена е најпозитивен бидејќи има најмалку негативни и најмногу позитивни твитови, 19% и 38%, соодветно. Исто така, Сел моментално има 425 милиони следбеници на различни платформи. Згора на тоа, латино ѕвездата неодамна објави нов сингл со Ремо, кој само ќе ја зголеми нејзината популарност.
Еве кои познати личности се најдоа во топ 10 - рангирани според позитивни твитови и влијание:
Сепак, има и такви кои не се познати по позитивни влијанија, на пример Ким Кардашијан . Таа можеби е една од најпознатите ѕвезди на денешницата, но се рангира како најнегативен инфлуенсер. 33% од сите твитови што се вртат околу Ким биле негативни, а таа има и најмалку позитивни твитови - само 23%.
А вака се рангирани топ 10 најследени личности според негативни влијанија:
извор:Famoza.net