Анастасија ја обожава фризурата која ќе биде хит ова лето: Со малку труд можете сами да ја направите
Афро кадрици се во тренд ова лето, а ние ви откриваме како
можете сами да ги направите, без да одите на фризер
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ ги надминува границите со својот изглед секогаш кога ќе се појави во јавноста, или објави нова фотографија на својот Инстаграм.
Анастасија за прославата на роденденот на нејзината мајка Светлана Ражнатовиќ избра фризура која е апсолутен хит на сезоната.
Имено, таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која носи повеќе од интересна фризура.
Всушност, со сигурност може да се каже дека не очекувавме вакво нешто од неа. Анастасија неодамна ја смени бојата на косата, па од црна коса, премина во бринета, а сега има фризура која ќе биде главен хит на летото, а станува збор за афро кадрици.
Овие кадрици се апсолутен хит на сезоната, и тие можат лесно да се напнат дома, без посета на фризер.
За ова ви треба добар фигаро чија ширина треба да ја изберете според обликот на кадрици што сакате да ги постигнете. Нивната дебелина варира од 15 mm до 5 cm.
За оваа фризура потребен ви е фигаро од помали димензии за да добиете помали кадрици. Би било добро да користите пена за коса наменет за кадрици за да добиете поголем волумен и да ја направите вашата коса подобро навиткана.
Подолу можете да видите како можете да направите афро кадрици сами дома, без да одите во фризерски салон:
Видео: Youtube
Фото: Инстгарам/Анастасија Ражнатовиќ