Анастасија првпат за тепачката поради Цеца: Ме обзеде бес... После тоа мама реши да не однесе на Кипар
„Сите беа шокирани, бидејќи јас никогаш не бев дете кое прави проблеми“ - истакна Анастасија...
Музичката ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ вчера во емисијата на „Преживели“ на Милан Калинич на К1 телевизија, зборуваше за најтешките и најубавите моменти од детството, за музиката, плановите, односот со мајка ѝ, брат ѝ и тетка ѝ.
Анастасија на Милан искрено му призна и кога и поради што за првпат се тепала на училиште.
„Се сеќавам на училишните денови, тогаш кога мама беше во домашен притвор. Имав 12 години и се правев потполно луда. Како ништо да не се случува, а весниците пишуваа само за тоа. Мајка ми беше на сите насловни страници. Се пишуваше што ќе биде, што нема да биде. Ќе ни ја одземат куќата, ќе ѝ го одземат старателството... Имав среќа што во училиште немаше злонамерни деца кои би ме прозивале. Всушност, имаше едно девојче“ - се присети Анастасија.
„Тогаш за првпат се тепав на училиште, бидејќи ја навреди мама. Кажа нешто за таа алка што ја носат оние кои се во домашен притвор. Иако сум мирна и смирна, кога е семејството во прашање и кога се случуваше таков хаос, ме преплави бесот. Кога некој ќе удри на мајка, а ја имаш само неа...“ - објасни.
Анастасија кажа дека тогаш ѝ се стемнило пред очи.
„Таа ми го напиша тоа во петок на Фејсбук, а јас во понеделникот ја најдов на училиште и ја ударав, се тепавме. Сите беа шокирани, бидејќи јас никогаш не сум била дете што прави проблеми. Многу брзо потоа, мама одлучи да не повлече на Кипар“ - кажа Анастасија за К1.