Анастасија Ражнатовиќ е бремена: Немања Гудељ и ќерката на Цеца го очекуваат првото дете

Анастасија Ражнатовиќ е бремена: Немања Гудељ и ќерката на Цеца го очекуваат првото дете

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ и фудбалерот на српската фудбалска репрезентација наскоро ќе станат родители...

Како што пишува порталот „republika.rs“, Анастасија Ражнатовиќ останала бремена со своето момче, фудбалерот Немања Гудељ и моментално е во четвртиот месец од бременоста.

Анастасија веќе некое време престојува во Шпанија, каде ужива со своето момче. Колку се сакаат и колку оваа врска е сериозна, говори и фактот што Немања и Анастасија за неколку месеци ќе се остварат во улогата на родители. Тие секој слободен момент го користат за да го поминат заедно, а со своите следбеници на Инстаграм знаат да споделат и по некој од бајковитите спомени од Шпанија.

Имено, по направениот тест и ултра звук, Анастасија и Немања откриле дека кон средината на септември ќе добијат девојче, што посебно ги израдувало.

Среќните вести веќе ги споделиле со најблиските членови на семејството и пријателите, а меѓу најсреќните била баба Цеца, која расплакала кога ѝ се јавале.

Инаку, како што откри Цеца неодамна за „republika.rs“, Анастасија не може да се врати во Србија поради документи, па така ги пропушти полнолетството на нејзината братучетка Хелена Оцокољиќ, но и раѓањето на внукот Крстан Ражнатовиќ. По информацијата дека е бремена, јасно е и која е причината што ги има пропуштено овие важни настани за семејството Ражнатовиќ.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: