Анастасија Ражнатовиќ го откри својот најголем страв: Кога ќе ги види ја фаќа паника
Од нив ѝ се замрзнува крвта во вените...
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ на која денес ѝ беше последен ден од одморот во Мексико, призна дека има голем страв од морските чудовишта.
„Секој кој ме знае, знае дека не ми е пријатно кога ќе се споменат ајкули... Многу се плашам од нив и не престанува да гледам хорор филмови со ајкули. Ете тоа е некој мој мазохизам. Секако овде не пливам во големи длабочини, големи се брановите, па така и да сакам не можам. Поголемиот дел го поминувам во базен или во плитко, па така го избегнувам стравот“ - откри Анастасија за емисијата „Ексклузивно“.
Инаку, пред неколку дена, Анастасија откри и дека се транформирала во Спајдермен, кога пред неа на плажата се појавиле две игуани.