Другарка ѝ се „згазила“ од смеење: Анастасија Ражнатовиќ имала непријатна средба со игуани
Среде плажа во Мексико, таа била главен сведок на „војна“ на влекачи, од коjа веднаш избегала...
Анастасија Ражнатовиќ на одморот во Мексико доживеа непријатност, бидејќи се нашла среде „војна“ на игуани на плажа. Набрзо по немилиот настан, младата пејачка се огласи преку социјалната мрежа Инстаграм па објасни што навистина се случило, истакнувајќи дека нејзината пријателка целата драма ја овековечила и ѝ се смеела додека бегала од игуаните.
„Сакам смао да споделам со вас што ми се случи пред малку. Седам на плажам, си ја гледам својата работа, чепкам во телефонот и во еден момент се појавува игуана, со големина на теле, т.е. две игуани со големина на теле, кои започнуваат крвнички да се „борат“ пред мене и да летаат по песокот пред моите нозе“ - започна Анастасија.
Меѓутоа, не застана тука.
„Срцето почнува да ми чука како лудо, се претварам во „Спајдермен“, скокнувам на масата и ја прескокнувам цела ограда, додека мојата драга Дарија стои во место, ми се смее и ја фотографира истата игуана без никакви реакции...“ - посочи, а потоа додаде: „Само да ви објаснам дека не сум луда, ова се појави пред моите нозе, ова и уште едно вакво, а Дарија немаше никаква реакција“.