Анастасија Ражнатовиќ и Ирина Шајк во исти фармерки: Тренд од 90-тите кој само тие може да го износат

Анастасија Ражнатовиќ и Ирина Шајк во исти фармерки: Тренд од 90-тите кој само тие може да го износат

Објавена во: Мода // Moj стил

Анастасија Ражнатовиќ за едно вечерно излегување ги одбра популарните „танга“ фармерки, какви што пред неколку месеци прошета манекенката Ирина Шајк...

Анастасија Ражнатовиќ ги следи трендовите, а модните комбинации често ги споделува на својот профил на Инстаграм.

Нема сомнеж дека младата пејачка е инспирација на многу девојки, со оглед на тоа што нејзинтие фотографии бројат по неколку десетина илјади лајкови и грст коментари на сметка на нејзините модни комбинации и изглед.

Вниманието го привлече нејзиниот последен изглед кој е во духот на 90-тите. Имено, Анастасија за едно вечерно излегување со другарките одлучи да облече „танга“ фармерки, кои беа популарни во 90-тите години и во кои неодамна можевме да ја видиме и познатата манекенка Ирина Шајк.

Најпрво, овој тренд не птосети на дискутабилните модни времиња и не враќа во минатото, поточно на почетокот на милениумот.

Анастасија се одлучи за фармерки во светло сина боја со црни детали, а она поради што го добија називот „танга“ фармерки е по тоа што на задникот шарите се вклопуваат така што визуелно даваат облик на популарниот модел на долна облека.

Овој модел го искомбинира со црно боди со долги ракави кое ги откриваше нејзините рамена, а целата комбинација ја заокружи со безвременските црни салонки и мала црна чанта.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: