Анастасија Ражнатовиќ ѝ приреди неверојатно изненадување на братучетката: Хелена заплака на својот роденден

Анастасија Ражнатовиќ ѝ приреди неверојатно изненадување на братучетката: Хелена заплака на својот роденден

Објавена во: Совети // Семејство

Анастасија преку видео ѝ го честиташе роденденот на Хелена...

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ беше спречена да се појави на роденденот на својата братучетка Хелена Оцокољиќ.

Имено, Анастасија не може да излезе од Шпанија, каде моментално се наоѓа, бидејќи чека документи, но затоа успеа на многу оригинален начин да ја изненади Хелена, која заплака.

Анастасија преку видео ѝ го честитала полнолетството на Хелена, но и заедно со остатокот од семејството помогнала во правењето видео од растењето на тинејџерката.

„Преубаво изгледаш вечерва, ти посакувам да си поминеш одлично и ова да ти биде вечер за паметење. Максимално искористи го тоа. Твоето семејство, од кое сум дел и јас, ти подготви мало изненадување, ретроспектива на животот досега и се надевам дека ќе ти се допадне. Јас плачев додека го гледав. Но, сите знаеме дека јас сум многу емотивна. Уживајте сите“ - кажала Анастасија во својата порака.

Хелена и самата заплакала откако ги видела емотивните сцени од своето растење.

За потсетување, на прославата по повод 18-от роденден на Хелена, присуствувале 150 гости, а Цеца за својата внука приредила и изненадување, така што ѝ го донела младиот музичар Војаж, за да ѝ испее неколку песни.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: