Анастасија Ражнатовиќ ја откри тајната за совршеното лице: Ова го правам со години, многу е важно
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ одговораше на прашањата кои обожавателите и ги поставуваа на социјалните мрежи, а многумина се заинтересираа за одредени одговори.
Помеѓу првите прашања, Анастасија го доби и ова: „Колку деца би сакала да имаш?“, на што наследничката на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиж одговори: „Две“.
На прашањето: „Што правиш за тенот да ти биде беспрекорен?“, Анастасија напиша: „Лицето го негувам во еден салон со години. Исто така, не го прескокнувам отстранувањето на шминката, тоа е многу важно. Пред спиење, без оглед на тоа дали сум била нашминкана тој ден, го мијам лицето, нанесувам лосион, хидратантна крема и наутро го повторувам истото.“
„Зошто не се направиш русокоса? Мене би ми изгледала одлично“ - ѝ порача еден обожавател, а таа наведе: „Благодарам! На себе сум си најубава како црнка, кога бев русокоса ми делуваше како друга личност да ме гледа од огледалото“.