Анастасија Ражнатовиќ ја промени бојата на косата, облече кожа и се надмина себе си
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ посебно се потруди на
синоќешниот настап.
Имено, Анастасија ја промени бојата на косата, бојадисувајќи ја во посветла боја, со омбре ефект со платинесто сини тонови.
Покрај тоа, Ражнатовиќ пред публиката се појави во многу предизвикувачки кожен костим кој ги истакна разоткриените бутови на младата пејачка.
Да потсетиме, претходните неколку месеци весниците беа преполни со детали од нејзината емотивна врска со фудбалерот Немања Гудеља, а според последните информации парот планира заеднички живот во Турција.
Фото: Инстаграм