Анастасија Ражнатовиќ конечно го закажа првиот настап: Ќе настапува далеку од Србија, а еве која голема ѕвезда ќе биде со неа
Многумина очекуваа дека ќе пее заедно со мајка ѝ, фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражатовиќ, но тоа сепак нема да се случи...
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ последните четири години објавува песни, кои наидуваат на добар прием кај публиката, а сега реши да започне и со настапи.
Анастасија во текот на март месец оваа година ќе го одржи својот прв настап во животот, и тоа далеку од родната држава, Србија.
Таа ќе настапи во еден клуб во Париз на 12 март, додека со неа ќе настапи и познатиот музичар, Слободан Вељковиќ Цоби.
Убавата вест со своите обожаватели ја сподели на Инстаграм, а многумина очекуваа дека ќе пее заедно со нејзината мајка, фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, но тоа сепак нема да се случи.
Одлучила самостојно да започне со настапите, по осумте објавени песни, а нема сомнеж дека публиката во француската престолнина ќе ужива во нејзиниот глас.
Инаку, Анастасија моментално е на одмор во Дубаи. На социјалната мрежа Инстаграм веќе објави неколку фотографии и видеа, а комплиментите на сметка на нејзиниот изглед, пристигнуваат постојано.