Анастасија Ражнатовиќ објави стари фотки: Го покажа природното лице и вишокот килограми од минатото
Анастасија Ражнатовиќ е една од највлијателните млади ѕвезди во регионот. Денес на својата најдобра другарка ѝ го честиташе роденденот на Инстаграм стори, објавувајќи низа фотографии од почетокот на нивното пријателство.
По фотографиите и од друга страна, токму од причина што јавноста донекаде можеше да го следи нејзиното растење, јасно е дека на почетокот на кариерата не изгледаше исто како денес.
За нејзиниот денешен изглед, за жал, не е заслужна генетиката туку естетските корекции. Видливи ѝ корекциите на носот и устата, а за своите промени, како и уредувања на фотографии зборува и јавно.
За операцијата на носот и старите фотографии кои кружат на Интернет, Ражнатовиќ неодамна зборуваше и во една емисија: „Постои една фотографија која кружи на Интернет, кога имав 13 години. Во тој момент имам скоро 80 килограми, нашминкана сум одвратно. Сега имам 60. Не се срамам од тоа, не кријам дека сум изгледала така. Имав повеќе килограми и поголем нос и помала уста... На таа фотографија сè изгледа страшно“.
Со објавувањето на скоро 10 години стари фотографии јасен е доказот дека Анастасија денес не се срами од својот тогашен изглед, а дури и се шегува на сметка на килограмите, па поставува и емотикони со прасиња.
Во продолжение погледнете како изгледала Анастасија пред неколку години: