Анастасија Ражнатовиќ повторно го промени имиџот: Се одлучи за мала промена и фризура која ќе биде хит во следните месеци
Анастасија повторно ја скрати косата, а со промената ги воодушеви своите следбеници...
Анастасија Ражнатовиќ реши да ја започне новата година со нова фризура.
Нејзината нова промена на имиџот ги воодушеви нејзините следбеници, кои се согласни дека на убавата пејачка сѐ ѝ стои добро.
Таа пред неколку месеци ја врати својата боја на коса, откако влезе во кланот светли бринети, а досега беше препознатлива по бујната, долга коса.
Сепак, како што и самата напиша на својот Инстаграм - „малата промена никогаш не штети“, и дека косата ја скратила степеноста, но и дека направила „curtain“ шишки, односно популарните завеси кои се еден од најпопуларните трендови последните месеци.
Анастасија исто така се сними и без грам шминка и го покажа своето негувано лице, но и дека шминката воопшто не ѝ е потребна.