Анастасија Ражнатовиќ проговори за својата врска: Ѓорѓе не ме гледа како трофеј, нема да се „влече“ покрај мене

Анастасија Ражнатовиќ проговори за својата врска: Ѓорѓе не ме гледа како трофеј, нема да се „влече“ покрај мене

Објавена во: Живот // Живот

Популарната пејачка и ќерка на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ веќе некое време живее во Нови Сад со момчето Ѓорѓе Куљиќ и истакнува дека засега нема во план деца и брак.

„Не размислувам за тоа, но сега стана модерно да забремениш, да се вериш, јас не брзам за тие работи. Гледам да се изградам како личност, да напредувам во кариерата, имам долга врска и не брзам никаде. Доколку е судено и доколку треба така да биде, ние секако еден ден ќе ја официјализираме и со брак и дете. Со тие работи не треба да се брза“ - рече Анастасија и истакна дека својот мир го пронашла во српската Атина.

„Нови Сад го гледам како моја оаза на мирот, во Белград доаѓам деловно и да го видам семејството, но живеам во Нови Сад. Многу сум мирна и смирена личност, темпераментна сум само кога сум испровоцирана. Јас сум парадокс, од една страна го сакам овој град каде што сѐ се одвива брза, а од друга страна би сакала да побегнам во тишината со личноста која ја сакам, сѐ да биде мирно, ништо да не се менува. Тоа доаѓа со тоа кога некој сакате.“

Ражнатовиќ исто така истакна дека постојат многу работи кои ги цени кај своето момче, како и дека 9 - те години разлика, колку што е Ѓорѓе постар од неа, не ѝ претставуваат проблем, бидејќи таа е зрела за свои години.

„Тука има многу фактори, мислам дека сум пресериозна за свои години, поради својот живот, а и поради тоа што сум во врска со некој кој е постар од мене, има милион фактори. Постар е од мене 9 години, но таа разлика не се гледа, бидејќи јас сум зрела и така делувам“ - рече Анастасија за емисијата „Ексклузивно“ и додаде:

„Не го сакам тоа да морам постојано да се стресувам за врската, да размислувам каде е, што е. Тој ме гледа како личност, а не како трофеј. Дечкото е надвор од тоа, не сака да се експонира, јас го почитувам тоа за него, тој нема врска со јавниот живот. Човекот има своја работа, нема да се „влече“ покрај мене и не му е важно тоа.“


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: