Анастасија Ражнатовиќ се мажи?! Ќерката на Цеца проговори за сите детали (ФОТО)

Анастасија Ражнатовиќ се мажи?! Ќерката на Цеца проговори за сите детали (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Анастасија Ражнатовиќ се мажи?! Ќерката на Цеца проговори за сите детали (ФОТО)

Анастасија Ражнатовиќ откри кој ќе ѝ биде кума на свадбата!

Ќерката на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ и пејачката Анастасија Ражнатовиќ последните месеци ужива во љубовта со познатиот фудбалер Немања Гудељ. Двајцата заедно уживаат во Севиља, од каде Ражнатовиќ редовно објавувафотки на социјалните мрежи.

На големо се шпекулира дали Немања е идеалниот сопруг за Анастасија и дека ќерката на Цеца ќе му го каже судбоносното „да“ на овој згоден дечко.

За венчавката, како и за датумот, сè уште не се зборува, но она што неодамна го откри Анастасија ги подгреа шпекулациите за венчавката која е се поблиску. Имено, Анастасија откри која ќе и биде кума на свадбата.

Станува збор за нејзината долгогодишна пријателка Тара Милутиновиќ.

- Таа ми е најдобра пријателка. Кума ќе ми биде на свадба. Не ми е ништо тешко за неа. Се познаваме и се дружиме од мојата 12-та година - изјави Анастасија во една емисија, откако Тара Милутиновиќ откри како пејачката се жртвувала и поминувала со неа во карантин додека била позитивна на коронавирус.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: