Анастасија Ражнатовиќ учела во училиштето на Мирослав Алексиќ: Упати поддршка до храбрата Милена

Анастасија Ражнатовиќ учела во училиштето на Мирослав Алексиќ: Упати поддршка до храбрата Милена

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката е изненадена од она што ѝ се случило на младата актерка и се придружи на групата која ја поддржува Милена...

Веста дека младата актерка Милена Радуловиќ била силувана од познатиот сопственик на училиште за глума, Мирослав Мика Алексиќ, ја шокираше милионската публика, а пораките за поддршка пристигнуваат од сите страни.

Имено, Милена изјави дека Алексиќ ја силувал кога била малолетничка и дека тоа не се случило само еднаш, туку неколку пати, што многумина згрози. Актерката доби огромна поддршка од пријатели, колеги, но и многу познати личности од естрадата кои беа изненадени од она што и се случи на младата актерка.

Меѓу нив беше и ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, која призна дека и таа го посетувалс училиштето на Мирослав Микс Алексиќ идека имала потреба да ја искоментира ситуацијата што ја снајде Милена Радуловиќ.

„Како некој што кратко време го посетувал тоа училиште како дете, не е доволно да се каже дека сум згрозена и шокирана. Поддршка за храбрата Милена и сите девојки кои поминаа низ оваа голгота“ - напиша Анастасија во објава на својата стори на Инстаграм.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: