Анастасија Ражнатовиќ викендов настапи во Струмица: Сите зборуваат за настапот кој уште долго ќе се прераскажува (ВИДЕО)
Во саботата, во Струмица настап имаше младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ...
Според она што може да се види од видеата од настапот, клубот во кој настапи ќерката на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ бил полн до последното место.
Анастасија на сцената ја придружуваа четири танчери, а публиката ја поздрави со громогласен аплауз.
Еден по еден ги редеше своите хитови „Ране“, „Извини“, „Готово“, а публиката во еден глас пееше со неа.
Во еден момент, младата пејачка запеа неколку хитови од својата мајка и со тоа уште повеќе ја крена веќе добро загреаната атмосфера.
„Ви благодарам Струмица, прекрасно се забавувавме и се радувам на следното доаѓање. Ова за мене беше вечер за паметење, а верувам и за вас“ - ѝ порача младата Ражнатовиќ на македонската публиката.
фото: Принтскрин / Инстаграм