Анастасија Ражнатовиќ во издание кое го одзема здивот: Славеничката на гостите им порача само едно нешто

Анастасија Ражнатовиќ во издание кое го одзема здивот: Славеничката на гостите им порача само едно нешто

Објавена во: Stars // Музика

Насмеана позираше на фотографите и откри како го поминала денот, но кое е единственото правило кое гостите морале да го испочитуваат...

Анастасија Ражнатовиќ вчера го прослави својот 23 роденден во еден ресторан во Белград, а сите со нетрпение чекаа да видат во какво издание ќе се појави пејачката.

Секако, згодната пејачка уште еднаш ја потврди титулата на вистинска трендсетерка и ги воодушеви сите присутни со мини фустанот кој ја истакна нејзината фигура на најдобар можен начин.

Целата комбинација ја имаше надополнето со сандали, а косата ѝ беше брановидна.

Кога е во прашање шминката, како и секогаш, за тоа беше задолжен еден од најпознатите шминкери во Србија, Лазиќ Душан, попознат како Лаза, кој на Анастасија ѝ ги нагласи очите.

Славеничката просто блескаше во жолтиот фустан, а покрај роденденот Анастасија имаше уште една причина за славење. Имено, таа вчера на публиката ѝ претстави дури две песни - „Готово“ и „Извини“, а песните за само неколку часа собраа над половина милион прегледи.


Судејќи според коментарите, пејачката ги погоди двете песни и нема сомнеж дека ќе бидат апсолутен хит ова лето.


На прославата најпрво се појави нејзината мајка, а потоа и нејзиното момче Богдан Срејовиќ, снаата Богдан, за на самиот крај во голем стил да пристигне и славеничката, која со насмевка позираше пред фотографите.

За посетување, Анастасија ги собра најблиските луѓе, а единствен услов за да присуствуваат беше тоа да бидат вакцинирани.

На прашањео како го дочекала роденден, пејачката за медиумите го одговори следното: „Немаше изненадувања оваа година, бев дома со мама и Богдан и моето момче. Се напивме по еден пијалок и малку зборувавме. Мени ми е во ред што суптилно го направивме тоа“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: