Анастасија Ражнатовиќ во комбинација која секоја девојка би ја ископирала: Сакото е сон, а чизмите никој не оставаат рамнодушен
Навикнати сме Анастасија Ражнатовиќ редовно да не воодушевува со своите модни изданија.
Меѓутоа, во последно време изгледа дека младата пејачка ја „подигна играта“ на едно повисоко ниво и навистина може да се каже дека ја оправда титулата модна икона.
Сега таа ги воодушеви сите со својата бомбастична комбинација. Во кожени панталони и кратко зелено сако со златни копчиња позираше како искусна манекенка во ходникот од новиот стан во кој живее со момчето, а вниманието на многу девојки го привлекоа и високите кожени чизми со вртоглава висока потпетица, кои, веруваме, дека многу девојки би сакале да ги имаат.
Освен тоа, пејачката ја покажа и својата линија на кој многумина ѝ завидуваат, а тесната комбинација само ѝ ги истакна витките нозе и тесна половина.