Анастасија Ражнатовиќ во огнено црвени бикини: Модел кој ќе биде хит оваа сезона

Анастасија Ражнатовиќ во огнено црвени бикини: Модел кој ќе биде хит оваа сезона

Објавена во: Мода // Moj стил

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ првите денови од летото ги поминува во близина на вода, па така секоја сезона ни служи како инспирација за купување на нови бикини, а овој пат тоа ќе биде огнено црвените.

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ откако воодушеви со комбинацијата за прославата на роденденот на својот внук, сега следбениците на Инстаграм ги воодушеви со својата фигура во бикини.

Анастасија по бројните врнежливи и тмурни денови кои се зад нас, едвај ги дочека првите сонцеви зраци за да се соблече во костим за капење. Таа во друштво на пријателите уживаше покрај базен, а во видеото кое воодушеви многумина ја запеа својата нова песна „Извини“.

Освен одличната инстерпретација на песната, она што многумина го забележаа е и нејзината одлична фигура и огнено црвените бикини. Едноставен крој, традиционални триаголници, но во боја на која малкумина можат да одолеат, особено на плажа.

Во продолжение погледнете како изгледа:



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: