Анастасија Ражнатовиќ во тренди јакна: „Puffer“ модел во хит боја ги привлекува сите погледи на улиците
Анастасија Ражнатовиќ оваа зима на себе ги носи светските трендови, кога се јакните во прашање, а овој пат вниманието го привлече со зелениот „puffer“ модел.
Анастасија Ражнатовиќ е позната како талентирана млада ѕвезда, но и девојка која со задоволство ги следи трендовите и ја сака модата.
Нејзините модни комбинација се инспирација за многу девојки кои со задоволство го копираат нејзиниот стил, а самата Анастасија понекогаш сака да испроба нешто шик и поинакво.
Како некој кој е верен на мохороматскиот стил и едноставните модни комбинации, барем секојдневните, пред неколку дена се одлучи за комбинацијата која не може да помине незабележано.
Имено, станува збор за „puffer“ јакната во зелена нијанса, идентична со нејзината чанта.
Исто како и минатогодишната зимска сезона, дебелите и топли „puffer“ јакни го имаат главниот збор на модната сцена во месеците кои се пред нас.
И покрај тренди јакните со бело крзно, кои се спој на елегантното и урбаното, оваа зелена „puffer“ јакна претставува идеален избор и со неа нема шанси да погрешиш во студените месеци.