Анџелина Џоли е во криза: Станав мала, безначајна и невидлива
Анџелина Џоли, жената на чија убавина никој не остана рамнодушен, доживува еден од најтешките животни периоди. По разделбата од Бред Пит, кој само за јавноста помина без грозни зборови, упатените тврдат дека таа потполно се повлека.
Силниот стрес ѝ предизвикал и здравствени проблеми со кои веќе со години се брои. И додека нејзиниот поранешен сопруг ужива во новата љубов со младата германска манекенка Никол Портуласки, Анџелина својот живот го посвети на децата.
„Мојата сила доаѓа од моите деца. Сите родители знаат дека постои таа сила во нив, која постојано расте. Не знам од каде ми е верата, но сигурна сум дека се наоѓам во некој прелазен период, како да се враќам на корените, а се изгубив и самата себе. Мислам дека тоа почна кога на мојата врска со Бред се наближи крајот“ - беше искрена актерката.
„Тоа беше комплициран период, не можев самата себе да се препознаам - станав мала, скоро безначајна, дури и невидлива. На крајот се соочив и со некои здравствени проблеми. Сето тоа ме потсети на тоа дека треба да сум среќна што сум жива“ - кажа Анџелина во едно неодамнешно интервју.
„Понекогаш ми е толку тешко да се соочам со животот. Се чувствувам дека тонам, но потоа ќе се сетам дека поради своите деца морам да останам јака. Тие мораат да имаат столб на кој ќе се потпрат кога ќе им биде тешко и токму тој столб мора да биде цврст и не смее да се сруши“ - заклучи актерката.