Анџелина Џоли ја испрати ќерката на колеџ: Захара ќе замине од дома, актерката покажа каде ќе живее сега (ФОТО)
Гордоста и возбудувањето за новото поглавје во животот ги совладаа емотивните моменти за време на разделбата на мајката и ќерката...
Децата на Аџелина Џоли и Бред Пит живеат во луксузната семејна вила, но тоа сега за едно од нив ќе се промени. Пред извесно време Анџелина гордо објави дека нивната ќерка Захара ќе замине на колеџот Спелман и во таа прилика го прославуваа нејзиниот упис.
Во објавата на Инстаграм, покрај фотографијата на која Захара позира со своите нови пријатели од факултет, Анџелина напиша:
„Захара со своите сестри од Спелман! Им честитаме на сите нови студенти кои почнуваат оваа година. Многу посебно место и чест е да имаш член од семејството кое е ново девојче од Спелман.“
Сега овие дами испраќаат поздрав со фотографија, која ја направиле во собата каде Захара ќе живее со останатите колеги.
Како што пишува магазинот „Hello“, од голема важност за Анџелина е Захара за време на растењето да биде во контакт со личности од своето потекло, и дека изборот на колеџот е направен согласно со тоа. Имено, колеџот Спелман е традиционален, реномиран колеџ за црнци, ориентиран кон либералните уметности за жените во Атлатна, Џорџија.
Гордата мајка ја испратила ќерка си до колеџот и просторот каде ќе живее за време на студирањето. Актерката и нејзината наследничка се појавија и на фотографиите кои ги сподели потпретседателот за студентски прашања Дарил Холоман на својот Инстаграм профил.
На видеото од нивниот разговор, Анџелина открива како се чувствувала кога ја оставила Захара на колеџот.
„Јас не почнав да плаќа, но наскоро ќе почнам“ - откри актерката и додаде дека таа и Бред се неверојатно горди што Захара успеала да се запише на оваа престижна образовна институција.
фото: Принтскрин / Инстаграм