Анџелина Џоли не ѝ дозволува на ќерката да има момче: Актерката уште на 14 години живеела со партнерот, а сега стравува да не се повтори минатото
Анџелина Џоли не ѝ дозволува на Шајло да има момче, барем не уште...
Нема сомнеж дека Анџелина Џоли е горда мајка, бидејќи ги поддржува своите деца и нивните избори во животот. Меѓутоа, работите се потполно поинакви кога е во прашање љубовниот живот на нејзините наследници.
Наводно, актерката ѝ поставила некои правила на својата ќерка Шајло Џоли-Пит истиот момент кога покажала интерес за да се забавува со момчиња. Анџелина досега не ѝ дозволувала да има момчиња, а со оглед на тоа што Шајло наскоро ќе наполни 17 години одлучила да попушти, но под еден услов - прво да го запознае момчето.
Анџелина, наводно стравувала дека и нејзините деца ќе тргнат по нејзините чекори, и дека минатото ќе се повтори. За потсетување, познатата актерка првпат живеела со своето момче Анотн Шнајдер на само 14 години и тоа по само неколку месеци врска.
Како зборуваше во минатото, „тоа била најдобра одлука на нејзината мајка“.
„Едно од моите момчиња живееше со мене во домот на мојата мајка кога имав само 14 години“ - се присети актерката во една прилика.
„Тоа беше најпаметната работа која мојата мајка можеше да ја направи, бидејќи вака, не се дружевме заедно во парк. Две години живеевме како брачна двојка. Кога наполнив 16 години сакав слобода и сакав да се фокусирам на работата. Така, рано го завршив средното училиште и почнав да работам. Не излегував додека не го запознав Џони“ - појасни актерката.
#AngelinaJolie
— Toastie (@Toastiewiththe) December 29, 2017
Pictures courtesy of one of Angie's childhood friend
with boyfriend Anton Schneider at Disneyhttps://t.co/mCesRwmC0X pic.twitter.com/yh7JHrG6HF
Сепак, иако Анџелина е многу горда на оваа одлука на својата мајка, јавноста не го дели нејзиното мислење.
„Разбирам дека сакала да ги има „на око“, но на 14 си само дете“, „На мене тоа не ми е нормално. Знам дека вакви работи се случуваат, но тоа не е океј“, „Значи, Анџелина била активна од најраните денови. Дали така ќе ги поддржи и своите деца?“, „Убава е како Бог, но тоа семејство е пореметено“ - се само дел од коментарите кои можеше да се прочитаат на социјалните мрежи.
#AngelinaJolie dailyangelinajolie.tumblr
— Toastie (@Toastiewiththe) December 22, 2021
Angie's 1st boyfriend - Anton Schneider pic.twitter.com/Or7d2z2lNR
Сега, изгледа дека Анџелина ја сфатила тежината на сето тоа што го правела и при самата помисла дека истото би можело да ѝ се случи и на Шајло, станала многу заштитнички настроена, без разлика дали се во прашање момци, пријатели или проекти, пишува „The News“.
Дека во овие тврдења има вистина покажува и ситуацијата кога Шајло се гледаше со младиот актер Пол Мескал, кој е познат по улогата на Конел во „Normal People“. Со нив била и Анџелина која внимателно го следела секој збор.
Angelina Jolie and her daughter Shiloh went out for a coffee with Paul Mescal after seeing his play “A Streetcar Named Desire” at Almeida Theatre.
— best of angelina jolie (@bestofajolie) December 30, 2022
December 29, 2022. pic.twitter.com/ojudnrtGc0
Меѓутоа, извештајот понатаму сугерира дека ако Шајло се состанува со некое потенцијално момче, нејзината мајка очигледно мора прво да ја „одобри“ таа личност.
Извор близок на семејството за „Life & Style“ потврди: „Шајло е многу дружељубива. Таа дефинитивно повеќе не е мало дете. Како да израсна преку ноќ“.
фото: Profimedia