Антониа Гиговска денес полни 20 години: Роденденската честитка од Иван ги разнежни сите
Антониа Гиговска, пејачката која ги освои сите уште со појавувањето на музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“ порасна. Денес таа полни 20 години и полека, но сигурно чекори во светот на возрасните.
Нејзините профили на социјалните мрежи се преполни со честитки и најубави желби по повод роденденот, а на овој ден не заборавија да ја поздрават и нејзините колешки - пејачките Лина Пејовска и Мартија Станојковиќ, како и нејзината колешка од натпреварувањето, Теодора Марковиќ.
Но, честитката која најмногу се издвои од сите, беше онаа од нејзиното момче - пејачот Иван Јованов. Тие веќе две години се во љубов и не ја кријат својата среќа, но на овој ден тој напиша посебна порака со која и го честиташе роденденот. Покрај заедничката фотографија, тој напиша: „Сакам да го поминам мојот живот сакајќи те. Среќен роденден моја сродна душо“. Со оваа порака ги разнежни нивните следбеници на социјалните мрежи, а објавата веќе има неколку илјадници лајкови.