Антониа Гиговска се поистоветува со Тамара: „Таа е луда исто како мене“!
Младата пејачка Антониа Гиговска моментално важи за една од најактуелните музички имиња во нашата држава. Имено, таа во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ си ја отвори душата.
Освен за врската со Иван, таа откри и многу работи од најголемото музичко случување Евровизија, но и за пејачката Тамара Тодевска.
„Тамара е ептен луда, како мене исто и додека бевме таму цело време викаше дека сум и како она да ме родила“ - изјави Антониа.
Меѓу другото, таа откри и дека кога станува збор за образованието би продолжила на психологија.