Антониа Гиговска: Никогаш не сум посетила козметички салон
Пејачката Антониа Гиговска како млада и секогаш средена девојка ги сподели своите трикови и тајни за убавина.
# Каков е твојот дневен козметички ритуал?
- Искрено денот го поминувам со 0 шминка. Сакам кога сум комплетно природна, па затоа немам некој козметички ритуал, освен миење на лицето.
# Со какви препарати го негуваш лицето?
- Освен што го мијам лицето, користев и скроб од какао и кафе ,па тоа ми помогна да го измазнам.
# Посетуваш ли козметички салони?
- Не,никогаш досега.
# Кои производи ги употребуваш за нега на коса?
- Гарниер е мојот омилен.
# Што сакаш да прикриеш, а што да истакнеш со шминка?
- Шминката ги истакнува цртите на лицето.. Би сакала да ги истакнам моите црти, а да го прекријам уморот.
# Кои се твоите омилени козметички производи?
- Моливче за веѓи, маскара и контура,кармин..
# Што носиш секогаш во твојот несесер?
- Не одам никаде без сјај/мат кармин и молив за веѓи.
# Омилен парфем?
- Satwa.
# Како ја одржуваш линијата?
- Љубител сум на храна, можеби и затоа ми оди потешко. Но, со тренинзи се обидувам да ја одржувам линијата. И секако со пешачење.
Даница Караташова