Аплицирај за стипендија и стани дел од првата генерација македонски студенти на Лондон Метрополитен Колеџ

Аплицирај за стипендија и стани дел од првата генерација македонски студенти на Лондон Метрополитен Колеџ

Објавена во: После „Школо“ // PR

За прв пат кај нас, можност и привилегија за сите заинтересирани да студираат во Скопје и да бидат дел од семејството на престижниот британски универзитет London Metropolitan University (MET). Предводени од мисијата на идните студенти да им се помогне во стекнување на работни вештини и да произведе висококвалификуван кадар кој во иднина ќе даде свој придонес во заедницата, Скопје Метрополитен објавува повик за доделување стипендии на студенти запишани на додипломски и постдипломски студии по бизнис менаџмент во академската година 2020/21.

„Среќни сме и горди што им нудиме можност на сите амбициозни личности да студираат по најсовремени стандарди, да го почувствуваат духот на лондонското образование и да се стекнат со врвно знаење и експертиза. Искуството и знаењето кое ќе го стекнат ќе ги направи висококомпетативни на пазарот на труд, а британската диплома која ќе ја стекнат од додипломски и постдипломски студии на крајот од нивното студирање ќе им го олесни патот кон градење на кариера од соништата. “- изјавија од менаџментот на Скопје Метрополитен.

Програмата за стипендии им нуди можност на идните студенти кои имаат одличен успех во претходниот степен на образованието, задоволително познавање на англискиот јазик и доволно работно искуство и мотивација за успех, да се стекнат со делумна или целосна стипендија за студии на реномираниот британски универзитет Лондон Метрополитен.

Идните студенти ќе следат настава конципирана според строгите стандарди на британскиот одбор за стандардизација на квалитет во образованието (QAA) и ќе студираат под менторство на врвни британски професори. Крајот на студиите ќе биде крунисан со британска државна диплома, која според сите истражувања е најпосакувана и највреднувана диплома во светот и која со сигурност гарантира професионален успех и можност за врвна кариера. Да се биде алумни на Лондон Метрополитен значи да се биде во доживотна приватна и професионална комуникација со сите успешни луѓе кои поминале низ истиот систем на образование и стекнување на вештини.


Не двоумете се. Искористете ја оваа можност.

Бидете дел од успешната приказна на многу студенти ширум светот.

За повеќе информации околу условите и начинот на аплицирање посетете ја страницата https://skopjemetropolitan.edu.mk/scholarship-program-2020-21/.


ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: