Апликација која прави топ 9 листа: Кои се најдобрите фотографии на твојот Инстаграм?

Апликација која прави топ 9 листа: Кои се најдобрите фотографии на твојот Инстаграм?

Кои се најдобрите фотографии кои ги имаш објавено на Инстаграм оваа година?

Како што се доближува крајот на годината така се повеќе луѓе на Инстаграм споделуваат колажи од топ 9 најдобрите фотографии кои ги објавиле оваа година. Доколку се прашуваш како се одбираат фотографиите - тоа го прави апликација. Истото можеш да го направиш и ти, а ова се двете најдобри.

Иако можеби мислите дека Инстаграм во самата апликација има опција да ги издвои најдобрите фотографии, за жал неа. За да ја направиш твојата топ 9 листа ќе мора да симнеш посебна апликација. Во морето слични апликации, постојат две кои отскокнуваат и кои се посебно добри. Голем плус е тоа што се бесплатни. Иако двете прават слични работи, по неколку ситници се разликуваат. Погледни и одбери ја онаа која ти е подобра и направи го својот колаж.

# Top Nine

Првата апликација се вика „Top Nine“, а можеш да ја пронајдеш на Google Play и на App Store. Кога ќе ја симнеш на твојот мобилен, ќе се поврзеш со твојот Инстаграм профил преку корисничкото име и да потврдиш преку твојата е - меил адреса Меилот мораш да го напишеш, бидејќи апликацијата на него ќе го испрати твојот колаж. Постои и опција да не ти ја испрати фотографијата, туку дикретно да ја споделиш на Инстаграм. Со оглед на тоа дека ова е многу популарно и многу луѓе ги сакаат своите колажи, можеби ќе мора да почекаш неколку минути додека да ја добиеш твојата фотографија. Доколку нема многу пријатели на Инстаграм, апликацијата твоите топ 9 фотки ќе ги нареди според најголемиот број лајкови. Од друга страна, доколку имаш многу пријатели, фотографии и лајкови, апликација твоите топ 9 ќе ги распореди преку други алгоритми, на пример според коментарите.

# Best Nine

И оваа апликација можеш да ја симнеш на твојот мобилен сосема бесплатно, а еве по што е поинаква од другата. И овде ќе мораш да се поврзеш со Инстаграмот, како и да ја одбереш годината од која сакаш колаж. Во оваа апликација имаш една дополнителна опција која ти дозволува во колажот да ги преместуваш фотографиите или да го правиш распоредот како што сакаш. Оваа апликација не го открива системот според кој се бираат фотографиите кои се во колажот, но тврдат дека ќе ги одберат најдобрите 9 фотографии од твојот профил. Можеш да направиш и видео од оваа листа, но за него ќе мора да платиш 99 центи.

Можеби ќе ве интересира: