Апсолутна доминација на црвениот килим: Манекенката со македонско потекло, Данијела Димитровска предизвика вистинско воодушевување (ВИДЕО)
Српскиот топ
модел Данијела Димитровкска, некогашен ангел на Викторија, а денес позната претприемачка
и инфлуенсерка, се појави како почесен гостин на отворањето на третиот Бања
Лука Фест.
Нејзиниот гламурозен аутфит, уникатниот изглед и природната убавина ја воодушевија публиката додека поминуваше на црвениот килим, но и медиумите. Ова воедно беше нејзино прво појавување во јавноста со новиот партнер, со кој неодамна ја официјализираше врската.
Данијела носеше интересен бел свилен фустан, а на Бања Лука Фест дојде да ужива во концертот на единствената српска евровизиска победничка, поп ѕвездата Марија Шерифовиќ. Инаку, Данијела Димитровска во текот на својата модна кариера работеше за многу еминентни имиња меѓу кои се вбројуваат Роберто Кавали, Вера Ванг, Луј Витон ... А како ангел на Викторија застана рамо до рамо со големи имиња како Адријана Лима и Алесандра Амбросио.
Секоја година многу се зборува за црвениот килим на Бања Лука Фест, а Данијела Димитровска со својата убавина и префинет стил успеа да го донесе вистинскиот дух на светските метрополи во градот на Врбас. Бања Лука Фест беше свечено отворен синоќа со симфонискиот концерт на Марија Шерифовиќ и ќе трае до сабота, кога на концертот „Вечер за љубов“ ќе настапат Нина Бадриќ и Петар Грашо.
Фото:screenshot/banjalkafest2023/instagram