Арчи кажа „дедо“ и ги разнежни сите: Принцот Чарлс не може да ја сокрие среќата

Арчи кажа „дедо“ и ги разнежни сите: Принцот Чарлс не може да ја сокрие среќата

Објавена во: Совети // Семејство

Сето тоа се случи за време на прославата по повод роденденот на Хари, која беше организирана на Зум...

Иако моментално живеат во САД по отстапувањето од кралските должности, Меган Маркл и принцот Хари се погрижија нивниот син Арчи да е во контакт со семејството на Хари. Па така, неодамна на Зум го славеа роденденот на Хари со принцот Чарлс и кралицата Елизабета II.

Арчи кратко зборуваше со дедо му и прабаба му, а особено го развесели Чарлс кога го нарече „дедо“, јавува „TheSun“.

„Тоа беше убав момент. Хари исто така им призна на своите колку му недостасуваат. Меган му направила торта и тој ги дуваше свеќичките, а потоа му се придружи и Арчи, кој сите ги насмеа“ - рече изворот близок на парот.

Иако сите мислеа дека Вилијам и Кејт Мидлтон исто така ќе бдиат присутни на оваа прослава, изгледа дека тие ова го прескокнаа. „Беше малку незгодно што Кејт и Вилијам не беа овде“ - додаде изворот.

Но, изгледа дека овде не станува збор за никаква драма, туку само во тој момент не биле слободни па не можеле да присуствуваат. Затоа, ова лето планираат заеднички одмор, а тоа е многу добар знак!


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: