Ариана Гранде ќе се мажи на лето: Еве какви планови има засега

Ариана Гранде ќе се мажи на лето: Еве какви планови има засега

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Ариана Гранде и Далтон Гомез се заљубени како никогаш порано и таа љубов често ја прикажуваат и на социјалните мрежи. Пејачката добива пофалби од своите колеги дека е прекрасна личност, а тоа последни го потврдија и Лејди Гага и Деми Ловато, кои ја нарекоа пријателка. Далтон очигледно го препознал тоа и знае да ја третира Ариана како што треба, а карантинот им даде можност да се запознаат доволно, што веруваме дека пејачката нема погрешено за свршувачката со Далтон. Останува само да видиме какви се нивните планови за венчавката, а првите скици од планот веќе се појавија насекаде.

Како што пренесува „US Weekly“, Ариана и Далтон не сакаат нешто големо, а тоа секако не би било изводливо среде пандемијата на коронавирус, па така нивните желби и можности во тој контекст се поклопуваат: „Венчавката на Ариана и Далток ќе се случи на почетокот на летото. Разгледуваат простори во разни градови, но најверојатно изборот ќе биде Калифорнија“ - открива изворот близок до двојката.

„Двајцата се сигурни дека сакаат мала и интимна атмосфера на свадбата, ништо големо и грандиозно нема да се случи додека времето не го дозволи спротивното, додека не биде сосема безбедно“ - додава изворот.

Љубовта цвета помеѓу нив, уште повеќе отколку на почетокот на врската! „Тие се речиси опседнати еден со друг. Го поминуваат целото време заедно. Тој обожува да ѝ подарува внимание и љубов, а таа ужива во тоа. Сите пријатели на Ариана, како и нејзиното семејство, го обожуваат Далтон“ - исто така откри изворот. Ова е веќе драстична разлика, доколку го споредиме со Пит Дејвидсон, поранешниот вереник на Ариана, кој не го сакаше никој од околината на пејачката.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: