Ариана Гранде не запира: Собори дури 20 Гинисови рекорди

Ариана Гранде не запира: Собори дури 20 Гинисови рекорди

Објавена во: Stars // Музика

Ариана Гранде е незапирлива! 

Во овој момент таа е можеби најголемата ѕвезда на светот, а за тоа сведочат и рекордите што ги сруши по објавувањето на албумот „positions“. Ја рангира меѓу вистинските легенди како Битлси, Ријана или нејзиниот идол - Мараја Кери!

Според Гинис, Ариана сега е рекордер по бројот на песни што дебитираа на врвот на американските топ листи! Сега се пет, а тоа се „positons“, „thank u nect“, „7 rings“, „Stuck With U“ и „Rain On Me“. Сите пет беа објавени во претходните две години!

Гранде е далеку пред сите, бидејќи најблиску до неа се Мараја Кери, Дрејк, Џастин Бибер, Тревис Скот и Тејлор Свифт, на кои тоа им успеа само три пати! Бритни Спирс, Лејди Гага и БТС само двапати.

Меѓу многуте други рекорди, мора да споменеме дека Ариана моментално е најследената жена на Инстаграм, дека има рекорд по бројот на слушатели на Spotify за еден месец во женска конкуренција и дека ја следат најмногу луѓе - над 54 милиони! На оваа платформа, таа е втора во генералниот пласман, зад Ед Ширан.

Пејачката е единствената ѕвезда во историјата која истовремено ги држеше првите три места на американските топ листи, бидејќи на 23 февруари 2019 година на прво место беше „7 rings“, на второ „Break Up With Your Girlfriend, I'm Bored“, и „thank u, next“ на трето! Само Битлси имаа таков успех како група, држејќи ги првите три места повеќе од еден месец, уште во 1964 година!

Ариана е исто така првата женска ѕвезда што самата се симна од врвот на американските топ листи, и таа е единствената која имаше дури 11 песни меѓу првите 40 во еден момент! Некои од рекордите што ги држи се крајно невообичаени, па така нејзината тетоважа Eevee од Pokemon е прогласена за најпопуларна Eevee тетоважа!

Бидејќи таа веќе го најави луксузното издание на „positions“, се чини дека новите рекорди доаѓаат многу брзо!


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: