Ариана Гранде прва во Америка: Срцето ми е полно
Ариана Гранде наиде на голема поддршка од своите обожаватели, па така албумот „Positions“ се најде на првото место на американските и британските топ листи. Ариана истакнува дека ги чита коментарите на обожавателите и наведува дека нивните зборови многу ѝ значат и дека ја расплакуваат.
hello / thank u. this is my favorite album yet and your response to the music has made my heart so incredibly full, i can’t even begin to fully express how much it means. so thank u. so very much. pic.twitter.com/gdIPwhQGS9
— Ariana Grande (@ArianaGrande) November 8, 2020
„Здраво и благодарам, ова е мојот омилен албум досега, а тоа како вие реагирате на него ми го исполнува срцето, не можам ни да објаснам колку ми значи тоа. Ви благодарам, многу. По една недела од објавувањето на албумот, која песна најмногу ви се допаѓа?“ Малку подоцна, таа повторно се јави со следните зборови: „Ги читам вашите коментари и плачам! Ви благодарам и ве сакам!“
“The fact that Ariana is operating [music-editing software] Pro Tools herself, and personally vocal-producing a lot of the songs on this album, was amazing. The attention to detail that she can now give to each song has grown exponentially” — @leonthomas in a recent interview pic.twitter.com/wwkUxeYBb7
— Ariana Grande Today (@ArianaToday) November 9, 2020
Ариана овие денови наидува на сите можно пофалби, а нејзиниот стар другар Леон Томас истакнува дека таа е многу повеќе од пејачка. „Фактот дека таа сама користи професионален алат за едитирање на музика и сама работи на вокална продукција и многу песни на новиот албум е нешто неверојатно. Количината на детали кои таа ги додава само расте“ - зборуваше тој.
Слично зборува и Тајла Паркс која ја фали Ариана како текстописец. „Таа прво прави мелодија, па потоа додава стихови. Нејзиниот слух тежнее кон убави работи. Таква сум и јас. Ариана постојано редефинира што значи да се биде искрен кон себе, бидејќи на неа не ѝ е важно што велат другите. Доколку на некој му се допадне тоа, супер. Доколку не, тогаш замолчете, како што таа вели во една песна.“