Ариана Гранде „удри“ по неодговорните ТикТокери: Што ѝ возвратија?
Пејачката е бесна, бидејќи никој не ги почитува мерките против коронавирусот...
Од почетокот на глобалната пандемија на коронавирус, Ариана Гранде беше помеѓу најгласните кога е во прашање промоцијата на безбедносните мерки. Но, сега е бесна - со причина - на сите оние кои ги кршат овие мерки.
Покрај тоа што забавите се забранети во Калифорнија, многу ТикТокери помеѓу кои се и сестрите Ди Амелио и Адисон Реј, ја прославуваа Ноќта на вештерките во ресторанот Saddle Ranch во Лос Анџелес.
Ова и засмета на Гранде, која не се воздржуваше за да „удри“ по нив во најновото интервју.
„Од сите работи кои можевме да ги направиме, не можевме да поминеме уште неколку недели дома, како другите држави на кои им оди подобро отколку на нас“ - рече таа.
„Дали навистина толку многу сакаме да одиме во Saddle Ranch што не можеме да почекаме да помине смртоносната пандемија? Зарем толку многу сакаме да ги облечеме каубојските чизми и да го јаваме механичкиот бик? Толку ли гориме од желба за да објавиме фотографија на Инстаграм?!“ - бесно кажа Ариана во емисијата Zach Sang Show.
Новинарите за време на викендот ја прашаа Дикси Ди Амелио што мисли за оваа изјава на Ариана.
„Не знам што да мислам. Во право е. Да, во право е. Таа е кралица, ја сакам.“ - кажа Дикси.
И Адисон Реј имаше сличен одговор.
„Мислам дека не е фер тоа што го кажа. Разбирливо е, јас дефинитивно не излегов. Седам дома и вежбам, а го подготвувам и мојот филм“ - кажа ТикТокерката, која заборави дека фотографите ја „уловија“ во повеќе наврати минатите недели како оди во спорниот ресторан.
Извор: teenstar.rs