Ариана Гранде за поранешното момче: „На Милер ништо на светот не му беше поважно од музиката“

Ариана Гранде за поранешното момче: „На Милер ништо на светот не му беше поважно од музиката“

Објавена во: Stars // Музика

Ариана Гранде пред смртта на Мек Милер ја прекина врската со него и нивниот однос не беше баш прекрасен, но кога тој умре, Ариана не можеше, а да не чувствува огромна болка која очигледно никогап нема да помине. На последниот албум на Мак, Ариана пее во песната „I Can See“ и таа често зборува за тоа како неговата музика е нешто неверојатно, на што потсети и во нејзиното најново интервју.

Во Интервјуто за Apple Music, освен што ја откри причината за нејзиното повлекување од јавноста, таа зборуваше и за Мак, онака како што човек зборува за личност која искрено ја сака. „На него ништо на светот не му беше поважно од неговата музика. Тој беше личност која би станала и истрчала во студио, секоја секунда од своите мисли ја посветуваше на музиката и тоа јасно се гледа во она што го оствари. Многу неверојатни дела создаде, како што се „Blue Slide Park“, „Kids“, „Divine Feminine“, „Circles“...“ - се присети Ариана.


Ариана на Мак му додели и еден посебен комплимент: „Сметам дека е дар од небото целиот тој талент со кој тој го допре светот и знам дека тој би сакал да ја запомниме неговата работа, да го цениме и да не го заборавиме.“ - заклучи таа.


Медиумите исто така истакнуваат дека таа ретко зборува за самата смрт на Мак, во јавноста секогаш ја поддржува неговата работа и имала само зборови за благодарност за сето она што го работеше тој, истакнувајќи дека бил неверојатна личност, но дури и кога такво нешто треба да опише, во гласот се чувствува дека и се наближуваат солзите.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: