Конечно призна: Еве зошто Ариана Гранде се повлече од јавноста
Ариана Гранде одлучи дека по некое време да поразговара со новинарите од Apple Music.
Пејачката признава дека престанала да дава интервјуа и толку да се експонира во јавноста. „Престанав да давам интервјуа бидејќи кога новинарите погрешно ќе ги пренесеа моите зборави, морав да се бранам, а потоа луѓето зборуваа дека сум вообразена и дека се однесувам како дива“ - кажа таа.
Ариана исто така откри дека наскоро нема да го објави албумот. „Не се чувствувам пријатно за сега да објавам било што. Ова е навистина тешко време за сите нас и не е период кога за тоа би треба да се размислува“ - истакна Ариана.
За потсетува, пејачката минатиот петок, го објави дуетот со Џастин Бибер, а во видеото откри и дека има ново момче.