Ариана Гранде за својот татко: Благодарна сум на сите свои делови кои ме потсетуваат на тебе
Веќе знаеме дека пејачката Ариана Гранде долго немала добар однос со својот татко Едвард Бутер, но постепено почнала да го гради. На минатогодишното доделување на Греми наградите, Ариана се појави во присуство на двата родители, што ни посочи дека работите се поправаат. А, на нејзината венчавка од пред еден месец до олтарот ја испратија татко ѝ и мајка ѝ, а сега по повод Денот на таткото, пејачката објави преслатка фотографија од детството со Едвард.
Ариана во неделата по повод Денот на таткото објави фотографија од периодот кога била бебе на која се смее заедно со татко ѝ.
„Те сакам бескрајно. Благодарна сум на секој наш заеднички момент, на твоето смеење. Благодарна сум на сите свои делови (ги има многу) кои ме потсетуваат на тебе. Ме прават среќна, ти ме правиш среќна! Длабоко сум благодарна што те имам во животот и горда сум што сум твоја ќерка. Среќен Ден на татковците!“ - напиша таа.