Аријана Гранде со силна порака: „Thank U, Next“ е песна за сите момци!
По тешкиот
животен период - бомбашкиот напад во
Манчестер, смртта на нејзиното момче Мек Милер и раскинувањето на веридбата со
Пит Дејвидсон, Аријана Гранде ненајавено пред неколку дена го претстави новиот сингл.
Всушност Ари со ова сакаше да покаже колку е силна и покрај сè. Таа многу самоуверено се врати во студио и одлучи проблемите да ги преброди со помош на музика. Во нејзината нова песна се споменуваат сите момци со кои била во врска, но без оглед на тоа таа не зборува лошо за нив, туку напротив на поранешните врски гледа како на едно животно искуство.
Иако пејачката пред само неколку месеци го објави албумот Sweetener, песната Thank U, Next не се наоѓа на него.
Во продолжение преслушајте ја нејзината нова песна.
Фото:Billboard