Аријана Гранде тргнува на турнеја во март 2019 година, ќе настапува ли некаде во Европа?
Аријана Гранде минатата недела ги објави датумите за својата светска
турнеја Sweetener World Tour. Таа најави 42 концерти низ САД и Канада што значи дека пејачката планира
голема, светска турнеја.
Иако пред неколку недели најавуваше мала турнеја, веројатно „Аријанаторите“, беа посилни од организаторите, па планираните неколку концерти се зголемија на 42, што значи дека ќе се зголемат и нејзините настапи во Европа.
Концертите низ САД се веќе закажани и со оглед на тоа дека турнејата низ САД ја започнува на 18 март, а ја завршува на 18 јуни, во Европа веројатно би ја започнала на есен иако официјални датуми за европската турнеја сѐ уште нема.
Фото: @sweetener