Аријанаторите можат да бидат горди на новата восочна фигура на нивниот идол, Аријана Гранде
Аријана Гранде немаше многу среќа во минатото кога станува збор за восочни фигури! Таа дури и самата се пожали на една од нив , но овојпат таа и нејзините Аријанатори ќе бидат многу среќни!
Новата восочна фигура на Ари е во музејот „Мадам Тисо“ во Холивуд, така што Аријанаторите и сите други веќе имаат можност да погледнат подетално и да се сликаат со неа!
Како што ќе препознае секој аријантатор, ја гледаме Ари тука во изданието инспирирано од нејзиното видео „7 прстени“, и се чини дека сè е на свое место, сè до најмалата тетоважа! Некои славни личности се толку воодушевени што велат дека мислеле дека таа е вистинската Ари!
Да се направи ваква фигура е исклучително скапа и макотрпна работа. За да може да се заврши, потребно е да се вложат неколку месеци работа и неколку стотици илјади долари. Сепак, и покрај тоа, се случува крајниот резултат да не е воопшто голем!
Се уште ја чекаме реакцијата на Ари на ова дело!
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА:извор:famoza.net