Астрологот кој ја предвиде короната, прогнозира што ќе се случува следните шест месец: Што ги очекува Меган и Хари?
Астрологот Џесика Адамс која во февруари минатата година прогносираше дека вирус ќе го поремети светот во 2020 година, па дури го погоди и датумот на смртта на првата жртва од корона во Вухан - 10 јануари, сега анализираше што ќе се случува следните шест месеци.
Велејќи дека „знаела што следува“, ја откажала големата забава закажана за во март, го напуштила својот дом во Лондон и се преселила во тасманија каде што и понатаму живее со двете кучиња и кокошката.
Едно од нејзините предвидувања беше и 1 октомври, денот кога на Доналд Трамп му беше дијагностициран ковид.
За жал, Џесика верува дека уште некое време ќе се занимаваме со короната и дека вакцина нема да има наскоро.
„Ќе мора да научиме да живееме со тоа“ - заклучи таа.
Таа е позната уште од 2017 година, кога истакна дека Меган Маркл има „необична сличност“ со принцезата Маргарет и дека или ќе „направи цело богатство за добротворни цели или ќе го однесе принцот Хари кај чистачите“.