„Атина и Ника не се свесни што се случува“: Јелена Карлеуша е сигурна дека еден ден ќе се гордеат што им е мајка
Бракот на Јелена Карлеуша во последно време често ја интригира јавноста, а сега објасни во каков однос е со Душко.
Во последно време често се зборуваше и пишуваше дека бракот на Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ е во криза, како и дека повеќе не се заедно, а Јелена овие натписи никогаш не сакаше јавно да ги коментира.
За шпекулациите за кризата во нивниот брак да се поголеми, нивната последна заедничка фотографија на неговиот профил е објавена во 2016 година, а откриено е и дека не се следат на социјалните мрежи.
Јелена неодмана објасни зошто тоа е така, а повеќе пати докажа дека нивниот брак е цврст.
Неодамна е потврдено дека Јелена за дочекот на Новата година ќе пее пред Општината на градот Белград, во друштво на нејзините колешки Марија Шерифовиќ и Сара Јо, што воедно ќе биде и првпат во нејзината кариера да настапи за сите граѓани во најлудата ноќ.
Како што истакна, ова воедно е и можност за нејзините ќерки Атина и Ника да ја запомнат нивната мајка во посебно издание, а потоа откри и каде Душко ќе го прослави дочекот.
„Мислам дека Атина и Ника уште не се свесни што се случува и дури еден ден ќе дознаат што значи тоа што мајка им пеела пред Општината. Кога еден убав ден ќе ги погледнат видеата и фотографиите од таа вечер ќе може да бидат горди на нивната мајка. Не гледам зошто Душко не би бил тука, тој сега ја заврши кариерата и го има целото време на овој свет за да биде со нив пред Општината“ - откри Јелена за „Стори“.
Да потсетиме, Јелена и Душко се венчаа пред 13 години, а тогаш се зборуваше дека тоа е венчавка на деценијата. Набрзо потоа станаа родители на Атина, а точно една година потоа се роди и нивната втора ќерка Ника.