Атина и Ника слават роденден: Наместо забава од бајките, мама Карлеуша ги однесе во еден од најубавите градови во светот
Атина полни 13, а Ника 12 години...
Атина и Ника Тошиќ, ќерките на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, денес слават роденден и тоа на посебна локација.
Иако традиционално на својот роденден со годинини наназад имаа бајковити прослави со семејството и пријателите, овој пат Атина и Нина роденденот ќе го поминат во еден од најубавите градови во светот.
Имено, Јелена своите наследнички уште во рани зори ги однесе на аеродром, од каде што се упатија во Париз.
Карлеуша моментот од аеродромот, го овековичи, а фотографијата ја сподели на социјалните мрежи и на своите ќерки им упати нежни зборови.
„Денес им е прекрасен ден. Моите бебиња полнат 12 и 13 години. Мама ги носи во Париз“ - напиша Јелена покрај фотографијата од аеродромот.